Дали може да комбинирам 2 ваучери за еден производ?
Не, секој ваучер е издаден за лична употреба и може да се искористи само за еден конкретен уред. Не е дозволено спојување на два или повеќе ваучери за една иста набавка.
Дали може да купам два производи со еден ваучер?
Не, вредноста на еден ваучер се применува само на еден производ. Доколку сакате да купите повеќе уреди, тие може да бидат на иста сметка, но попустот од ваучерот ќе важи само за еден од нив.
Кои документи треба да ги донесам?
Потребно е да ги имате следните документи:
Дали може да доплатам за купување поскап уред?
Да, можно е. Износот на ваучерот ќе се одземе од крајната цена на производот, а разликата ќе ја доплатите со начин на плаќање по ваш избор.
За кои категории на уреди важи ваучерот?
Ваучерите може да се искористат за:
- десктоп компјутери (комплетни конфигурации или All-in-one модели)
- лаптопи
- таблети
Дали со ваучерот може да купам компјутерски делови?
Не, ваучерот не важи за поединечни компоненти или додатоци, туку само за целосни компјутерски конфигурации и готови уреди.